Петровска: “Криволак” е единствен, уникатен капацитет од ваков тип во регионот

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска на „Криволак“ присуствуваа на брифинг за претставниците на медиумите на кој тие беа детално информирани за целта и за активностите за време на вежбата „Swift Response 22“, која се реализира на армискиот полигон „Криволак“.

Во изјавата по денешниот брифинг министерката Петровска истакна дека станува збор за една од најголемите вежби која синхронизирано се изведува на неколку локации во различни земји од Алијансата. Во Република Македонија, вежбата вклучува 4.600 војници и таа веќе е во тек на армискиот полигон „Криволак“.

Целата на оваа вежба, истакна министерката Петровска, е развојот на капацитетите на армиските припадници како и етаблирањето на „Криволак“ како тренинг центар со огромен капацитет и можности за извежбување.

„На ваков тип на комплексни вежби кои ги изведуваме заедно со сојузниците ја покажуваме нејзината подготвеност, нивото на интероперабилност, но се разбира и начинот на кој што се соработува со останатите армии во рамките на НАТО алијансата. Вториот аспект кој е значаен за нас како држава, е да ги покажеме капацитетите и способностите на тренинг центарот ‘Криволак’“, рече министерката Петровска.

Таа истакна дека полигонот е од исклучително значење за Армијата, и затоа Министерството за одбрана со поддршка на нашите стратешки партнери, особено, Велика Британија и САД инвестира во негово опремување и модернизација.

Петровска имаше средба и со американскиот бригаден генерал Џозеф Хилберт, командант на 7-та команда за обука на армијата на САД, на која стана збор за можностите за обука и развојот на овој армиски полигон.

„’Криволак’ е уникатен, единствен капацитет од овој тип во регионот, кој нуди исклучително реални услови за извежбување, а пример за тоа е вежбата ‘Swift Response’ која е воздухопловна вежба која за прв пат се реализира на овој полигон“, рече министерката Петровска. Додаде дека развојот на овој полигон е високо на агендата на Министерството како еден од најважните приоритети и затоа инвестирањето во неговиот развој ќе продолжи и во иднина.

Генералот Хилберт, кој има екстензивно искуство поврзано со армиски полигони низ Европа, порача дека е импресиониран од она што може да се види на „Криволак“ и во однос на големината на полигонот и во однос на можностите кои ги нуди и потенцијалот кој го поседува.

Во моментов на овој полигон се реализира досега најголемата вежба на која е домаќин Македонија, „Swift Response 22“, која вклучува 4.600 војници од 8 сојузнички армии.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Најголема воена вежба на Криволак годинава:…

„Брз одговор 23“ е најголемата воена вежба…

Петровска и Агелер денеска на Криволак: Вежба…

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе биде…

Целосно е изгаснат пожарот кај Криволак: Ова…

„Два тима на ДЗС се на тешко…

(Видео) Ангелов: Во гасење на пожарот кај…

Во видео изјава за медиумите, директорот на…

(Видео) Најнови информации за пожарите во Македонија:…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку Фејсбук…