Петровска: Надворешната политика на Македонија е целосно во согласност со безбедносната и одбранбена политика на ЕУ

t

Заедничката безбедносна и одбранбена политика помеѓу Македонија и ЕУ е уште една алатка за зацврстување на односите со регионот. Надворешната политика на Македонија е целосно во согласност со безбедносната и одбранбена политика на Унијата, напиша министерката Славјанка Петровска на Фејсбук.

– “Македонија има клучна улога во зацврстувањето на мирот и стабилноста и преку учеството во мисии и операции на ЕУ и тоа:

– 33 армиски припадници во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР – АЛТЕА

– учеството на армиски офицери во тренинг мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република.

– Силната соработка помеѓу НАТО и ЕУ во контекст на руската агресија врз Украина, е јасен приказ на кохезијата и одлучноста да се заштити стабилноста на евроатлантската област.

Од денешната средба со претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската служба за надворешно дејствување.” – напиша Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…

Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…