Петровска: НАТО е цврсто одлучна и обединета во одбраната на секоја педа земја од Алијансата

t

НАТО е одбранбена Алијанса која е цврсто одлучна и обединета во нејзината основна цел – одвраќање на сите потенцијални непријателски активности и одбрана на секоја педа НАТО територија, е заклучокот од денешната прва сесија на министрите за одбрана на сојузничките земји, која се одржува во рамките на состаноците на Северноатлантскиот совет, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката Славјанка Петровска на оваа сесија посочи дека Македонија останува одлучна во својот придонес кон заедничките цели на сојузниците, за што континуирано вложува во развојот на своите капацитети и модернизацијата и опремувањето на Армијата.

– Одлуката на Самитот во Мадрид го постави патот по кој ќе се движиме. Она што мораме сега да го направиме е брзо и ефикасно да ги исполнуваме нашите обврски и да инвестираме во развој на капацитетите кои ни се потребни, рече министерката Петровска.

На втората сесија на Северноатлантскиот совет на која присуствуваше и Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, а беше посветена на мисиите и операциите, Петровска посочи дека Македонија како НАТО-членка е сериозно посветена на зацврстувањето на регионалната безбедност, факт кој може да се види и преку учеството на припадниците на Армијата во мисијата на НАТО на Косово, како и мисијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина.

Министерката Петровска пред колегите од НАТО порача дека е потребно да се забрза процесот на евроинтеграции врз база на исплонети критериуми и постигнати резултати. Петровска додаде дека започнувањето на преговори на Македонија и Албанија за членство во Унијата е добар знак и придонесува кон стабилноста и развојот на Западниот Балкан. Таа го поздрави и вчерашното доделување на кандидатски статус на Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението од МО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…