Петровска на панел дискусија: Во Македонија ќе се произведува оружје по НАТО стандарди – освен безбедносните придобивки, наскоро ќе се почувствуваат и економските бенефиции од членството во Алијансата

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска присуствуваше на панел дискусија насловена „Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“, одговарајќи на прашање на новинарите таа потенцираше дека најбрз и највидлив пример за придобивките од нашето зачленување во НАТО е трансформацијата на нашата Армија, и се она, како што кажа, е направено и долгорочните планови што се донесени, но и нивната успешна реализација.

Новинарско прашање: Министерке Македонија во март, практично ќе влезе практично во четвртата година откако е членка во НАТО, впечатокот е дека кај граѓаните сеуште не е јасна сликата колку е важно тоа што Македонија стана дел од овај безбедносен систем, особено во овие околкности кои што се случуваат денеска во светот. Сега пред крајот на вашиот, пред крајот на овај мандат, пред изборите, како министер за одбрана и според искуството што го имавте до сега околку војната во Украина може ли да кажете што се смени откако Македонија стана членка во НАТО, како го искористивме тоа и како тоа влијаеше на подготвеноста на Армијата?

Петровска: Благодарам, ваквите конференции особено ваквите прашања се добра прилика всушност да направиме една ретроспектива и да видиме на то ашто се е направено и е постигнато. Процесот на НАТО интеграција или НАТО интеграцијата на нашата држава е една од двете клучни стратешки определби кои што сите се потсетуваме дека дека се од самото осамстојување на нашата дражва сите политички партии, сите политички влади и коалициии досега ги сметале за врвен приоритет. Дали и колку Република Македонија има од членството во НАТО со една реченица или со еден збор јас ќе кажам апсолутно, да.

Во 2022 г.за жал, во фебруари месец светот се разбуди со нешто кое што до последен момент верувавме дека нема да се случи, а то ае неоправданата руска инвазија врз Украина. Повреда на територијалнитот интегритет меѓутоа повреда и на демократското право на таа држава на сопствено определување. Република Македонија од самиот почеток ги кажа своите позиции и политички меѓутоа и дававме поддршка и сеуште даваме на секаков можен начин. Јас се сеќавам тоа беше првиот месец откако јас бев тогаш назначена како министерка за одбрана, сите прашања околку безбедноста на државата беа упатени кон министерството за одбрана и се бараа гаранции се разбира, со право и од медуимите и од граѓаните: Дали Република Македонија е безбедна држава. Ова многу пати го кажувам и нема да се плашам да го кажам и сега и да го повторувам и во иднина е дека, ако тој ден, ако во таа година не бевме земја членка на Алијансата, никој министер за одбрана без разика дали тоа бев јас или некој друг не можеше да даде одговор таков како што во тоа време давав јас а тоа е дека Република Македонија е безбедна ос аспект на конвенционални закани, затоа што е земја членка на Алијансата. Но како го достигнавме тоа, реков дека повеќе од 30г. сите зборувавме и зборуваа за важноста на нашето зачленување во НАТО, меѓутоа клучниот момент беше 2018г. и носењето на таа тешка, но многу значајна важна политичка одлука.

Ова само го кажува она што и за денес треба да зборуваме, а тоа е Република Македонија како земја членка на Алијансата, меѓутоа и за нашата Европска иднина. Ниту една одлука, ниту еден процес не може да биде завршен ако не се донесат вистински одлуки во вистинско време. Оваа одлука за нашето зачленување во Алијансата, односно она што во 2018 година значеше потпишување на Преспанскиот договор а потоа и уставните измените кои следе, се покажа како вистинска, мудра одлука, во вистинско време, реков претходно тешка, но вистинска одлука, со којашто всушност се обезбеди иднината на нашата држава, и мислам дека со оглед на тоа каква беше атмосферата зборувам во февруари 2022 година и какви се прашања беа поставувани од јавноста, граѓаните полека но сигурно го сфаќаат значењето во воена смисла но и во политичка смисла што значи да се биде земја членка на НАТО алијансата. Но, што се случи до закленувањето на државата и што се случува сега всушност… Највидлив би рекла, најпозитивен, но и највидлив пример за брза, но и ефикасна трансформација е македонската армиј, и она што изминатиот период, не зборувам само за овие две години како што сум јас министерка, меѓутоа и далеку пред јас да бидам министерка, е направено и сите оние долгорочни планови се донесени и поставени, но и нивната успешна реализациј. Една задача е да имате добри планови, добра организација, меѓутоа имплементацијата на тие планови е исклучително значајна. Каде е улогата на Владата во таа имплементација, затоа што најголем дел од задачите, се разбира, ги спроведуваат припадниците на Армијата, е да обезбеди политичка поддршка за тој процес, меѓутоа уште позначајно, кога зборуваме за пристапувањето во Алијансата и за надградувањето на капацитетите на македонската Армија е финансиската поддршка. И тука таа финансиска поддршка, се гледа на многу лесен и многу едноставен начин, а тоа е буџетот на Министерството. Од 2017 година па навака буџетот на министерството токму заради политичката определба да станеме членка на Алијансата и да ги достигнеме стандардите кои се потребни, но и заради потребата од континуирано инвестирање во одбраната, буџетот на одбраната расте. Оваа година достигнуваме 2 проценти или 2,05 проценти, што е некаде над 300 милиони евра, но уште поважен дел е како ние тие пари ги трошиме. Над 30 проценти од овој буџет, што е огромна сума се планирани и тие ќе бидат потрошени во текот на оваа година, токму за модернизација, купување и набака на опрема која годините наназад не била набавена, не заради тоа што Армијата немала побарување туку заради тоа што едноставно политиката во тоа некое време сметала дека одбраната на државата и Армијата не се доволен приоритет.


И вториот момент кој мора да оди рака под рака или заедно паралелно, а тоа е зајакнување на човечките капацитети, Генералот може и постручно да каже за разлика од мене, меѓутоа како министер за одбрана тврдам дека неможе да се има успешна Армија ако вложувате само во опрема без притоа да обрнете внимание на човечкиот потенцијал и грижа за човечкиот потенцијал. Можеби не успеавме во овој период, особено тие две години затоа што зачленувањето на Република Македонија се случи во време на Ковид да граѓаните па и општеството во целина, вклучително и економијата да ги видат сите придобивки од нашето зачленување во Алијансата. Но, веќе интензивно работиме на тоа придобивките од Алијансата освен во воена смисла да ги приближиме и во делот од образованието преку проектите кои се спроведуваат и во делот на економијата, соработката со компаниите во Република Македонија на кои како министерство за одбрана и центарот за подрршка на компаниите кое е дел од Министерството во една блиска соработка се трудиме да им го приближиме пазарот на НАТО Алијансата многу побрзо и многу поблиску. Допрва, во периодот што следи , економските придобивки ќе се гледаат заради тоа што за било кој инвеститор без разлика дали станува збор за домашен или странски инвеститор пред да ја донесе одлуката или за основање или за проширување на бизнисот во една држава ги гледа параметрите на нејзината безбедност и стабилност. Нашето зачленување, конечно после 30 години зачленување во Алијансата , всушност ја дава најголемата сигурност , а тоа е сигурноста за безбедноста на државата, вели Петровска.

Во однос на најавите од НАТО дека ќе инвестира огромна сума пари во производство на муниција и оружје и дали земјава се гледа во тие зделки, за да на тој начин има придобивки од НАТО, Петровска рече дека во земјава во моментов постојат неколку компании кои се приватни за воена индустрија и државата нема учество, кои со сопствени ресурси се обидуваат да учествуваат и на пазарот надвор од државата.

Дополнително да Ве прашам, пред два дена беше објавено дека НАТО ќе инвестира огромна сума пари во производство на муниција и оружје, дали Македонија се гледа во тие зделки, на таков материјален начин да се искористи членството ?

– Во Република Северна Македонија во моментов постојат неколку компании кои се приватни, значи производството, воедната индустрија не е дел или државата нема учество, освен една компанија која за жал е во стечај и тешко оди нејзиното рестартирање, меѓутоа постојат неколку приватни компании кои со сопствени ресурси се обидуваат се разбира да учествуваат и на домашниот, меѓутоа и на пазарот надвор од ржавата. Приоритет ни е во наредниот период тие компании преку државата, значи во една инситуционална рамка да ги поддржиме, свесни токму за предизвикот кој е пред сите нас и пред земјите членки на Алијансата меѓутоа и пред остатокот од светот, а тоа е зголемената за жал ќе речам како човек, зголемената потреба од дополнително вооружување и опремување на капацитетите на Армиите, не само на нашата, меѓутоа и ширум светот. Така што во рамките на ова што го кажав, Центарот за поддршка на компаниите посебно место и посебен инструмент ќе обезбедиме за овие компании кои се дел од воедната индустија би рекла во Република Северна Македонија, но за жал освен една или две останатите немаат доволно развиени капацитети, вели Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…