Петровска: Не сум неамбициозна, ама можам и да не бидам на пратеничките листи на СДСМ
СДСМ се уште не донела одлуки за носителите на листите на претстојните парламентрани избори, откри министерката за одбрана Славјанка Петровска која е член на најголемата владејачка партија. Поради тоа не знае дали ќе биде носител на листа или пак воопшто нема да се најде на пратеничките листа на престојните парламентарни избори на 8 мај.
-Јас сум подготвена, ако е проценката направена, да бидам и носител или само на пратеничката листа, а можам да не бидам воопшто. Она што досега го правам на сите позиции на кои што сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и секогаш да дадам продонес за државата, изјави Петровска по брифингот за набавката на осум нови хеликоптери за Армијата.
Нејзиниот став не е дека таа е неамбициозна, туку појасни, партијата треба да се направи правилна проценка кој кандидат ќе може да ја износи и даде подобри резултати за партијата.
Извесно засега е тоа дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде носител на листата во првата изборна единица.
Пратеникот Дарко Каевски изјави дека е при крај внатрепартиската процедура и консултацијата со коалициските партнери во однос на носителите на листите во шесте изборни единици. Тој најави дека за многу скоро време партијата ќе излезе со целосните листи составени од квалитетни кадри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…