Петровска од Брисел: Македонија покажа дека е цврсто посветена на поддршката за Украина

t

Северна Македонија на дело покажа дека заедно со сојузниците е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска која учествуваше на состанокот на Контакт – групата за Украина во организација на САД во седиштето на НАТО.

Таа поддршка, како што рече Петровска, значи и поддршка за одбрана на територијалниот суверенитет, независноста и самостојноста на оваа земја која беше нападната, брутално и без провокација.

Нашата цел никогаш не била и нема да биде војната да се оддолжи, туку независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа, рече Петровска на состанокот.

Министерката порача дека досега Владата на Република Северна Македонија донесе три одлуки за помош и поддршка на Украина.

На состанокот присуствуваа и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников, НАТО генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и поголем број министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…