Петровска од САД отпатува на состаноци на НАТО во Брисел
Министерската за одбрана Славјанка Петровска од денеска престојува во Брисел, каде што ќе учествува на состанок на НАТО на ниво на министри за одбрана, најавија од нејзиниот кабинет.
Во Брисел таа ќе престојува денеска и утре, каде што покрај министерскиот, во агендата се и повеќе други состаноци.
„На министерскиот состанок се очекува да стане збор за подготовките за претстојниот НАТО Самит во Вилнус, Литванија во јули 2023 година, како и за чекорите за зацврстување на концептот на Алијансата за одбрана и одвраќање, а ќе стане збор и за потребата за одржување на вложувањето во одбраната со минимум 2 отсто од бруто-домашниот производ“,
соопштија од нејзиниот кабинет.
Од состаноците, веќе е во тек тој на земјите од контакт-групата за Украина, предводена од САД, на која покрај неа учествуваат и шведскиот и украинскиот министер за одбрана, како и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
Во текот на денешниот ден, таа ќе се сретне и со колегите од земјите на САД – Јадранска повелба.
„Министерката во седиштето на НАТО ќе учествува и на состанок посветен на мултинационалните сили на НАТО во Латвија под раководство на Канада, каде македонски војници се дел од словенечкиот контингент“, додаваат од кабинетот.
Петровска во Брисел отпатува директно од САД, каде што имаше интензивна агенда на средби, меѓу кои и со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…