Петровска: Поддржуваме носење одлуки на релација Косово-Србија, знаеме дека е тешко да се реализираат стратешките цели

t

Прашање за дијалогот Приштина-Белград и безбедносните импликации министерката за одбрана Славјанка Петровска во гоствувањето во ТВ21 кажа дека прашањето се доближува до ситуација кога треба да се носат одлуки.

-Владата и јас како министерка ги поддржуваме разговорите меѓу Косово и Србија. Секое отворено прашање може да предизвика влошување на безбедносната состојба. Имаше такво загрозување изминативе месеци и затоа се интензивираа разговорите и ние сме поддржувач на носењето одлуки, кажа Петровска.

Таа додаде дека носењето одлуки предизвикуваат емоции што можат да направат компликации, но Косово и Србија ги научиле лекциите од минатото.

-Република Макеоднија на пример изоде тежок пат од она што се нарекува стратешка определба до реализација. Не беше лесна одлука да усвои Преспанскиот договор, но ги гледаме придобивките неколку години подоцна, рече Петровска.

Според неа во одреден момент ваквите одлуки можеби изгледаат неправедни, но стратешките цели треба да бидат реализирани.

-Тие беа долг период само на хартија, како определба, но што се прави по тоа прашање? Сега веќе сме членка на НАТО и зборуваме за ЕУ, кажа Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…