Петровска против екстрадиција на осудените за “Диво Насеље”: Казната да си ја издржат во Македонија!
Во изјава за МИА, денеска од Атина, министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека според неа осудените за случајот “Диво Насеље” треба да ја издржат затворската казна во Македонија.
Изјавата на министерката следува по информацијата од министерот за правда, Кренар Лога, кој кажа дека се подготвува документација з аотпочнување на постапка за екстрадиција на осудените во Косово.
-“Јас мислам дека треба да се почитува одлуката на македонските судови и дека осудените онака како што во процедура, во судска постапка се осудени, треба да ја издржуваат својата казна во затворите во нашата држава, онаму кадешто кривичното дело е сторено.
А, доколку постојат било какви сомнежи за условите или за околностите во коишто тие ја издржуваат казната, мислам дека работата на секој еден од нас е да работиме на надминување на таквите предизвици или проблеми, кои се појавуваат, а не тие да ги заобиколуваме” истакна Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…