Петровска се сретна со Пахор: Македонија и Словенија имаат заедничко минато, но уште поважно заедничка иднина во НАТО

t

Во рамки на денешната официјална посета на Република Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со претседателот на Словенија, Борут Пахор.


Во фокусот на разговорите беше иднината на Западниот Балкан, која е тесно поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер.

Македонија и Словенија се обединети во вредностите и принципите кои гарантираат безбедност и просперитет за регионот, но и за европскиот континент. Двете пријателски земји имаат идентични заложби за мир, слобода и демократија. Двете земји имаат заедничко минато, но уште поважно –заедничка сегашност и иднина, како дел од најмоќниот воено-политички сојуз, НАТО. Нашите држави се еднакво посветени гаранцијата на  безбедна, демократска, просперитетна иднина за своите граѓани. А тоа ќе го постигнеме само ако меѓусебно соработуваме, си помагаме, ги паметиме лекциите на историјата за да создаваме нови лекции за пример во иднина, заклучија двајцата соговорници на средбата.

Петровска и Пахор ја осудија руската агресија врз Украина и порачаа дека тоа е удар врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и сериозно кршење на основните принципи на меѓународното право. Соговорниците се согласија дека е потребен итен прекин на огнот и решавање на сите отворени прашања по дипломатски пат.

Претседателот Пахор нагласи дека Словенија во континуитет е силен поддржувач на Македонија, дека континуирано се залага за забрзување на интеграцијата на Македонија и на земјите од Западен Балкан во Унијата. 
Словенечкиот претседател Пахор го поздрави развојот на настаните во контекст на приближувањето на Македонија кон ЕУ и изрази задоволство што по толку години Македонија има јасна и силна европска перспектива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…