Петровска: Сите теории на заговор на ВМРО-ДПМНЕ за наводно уништување на државата пропаднаа

t

Од осамостаојувањето па до денес видовме бројни ситуации каде ВМРО-ДПМНЕ создаваше теории на заговор за уништување на нашата држава, порача носителката во шестата изборна единица на СДСМ и коалицијата ,Славјанка Петровска, во емисијата Клик плус на ТВ21.

„По 32 години од осамостојувањето, Република Македонија е целосна држава. Кај нас нема теории до Групчин и по Групчин, туку државата да е целосна. Тие теории на заговор дека еве само што не сме го изгубиле идентитетот, еве само што не снемало, гледате дека со години не проаѓаат. Овие террии на заговор ги имавме и 2020 година, ги гледавме и во 2018 година кога се потпишуваше Преспанскиот договор, за кој и тогаш и сега, СДСМ има јасен став. Велевме и велиме дека тоа беше една од историските многу тешки одлуки, но кога седиме на столчињата дали во владата, дали во Парламентот некогаш треба да носиме и историски и тешки одлуки. Во ниту еден момент кога бил во прашање СДСМ и изјаснувањето, токму заради оваа држава сме носеле храбри полиитчки одлуки, понекога и на штета на нашиот партиски рејтинг, што не можеме да го кажеме за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петровска.

Таа потсети и на бројните блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„И во 2020 година, кога бев пратеничка во Собранието, кога за многу важни работи за решенија со кои требаше да им се помогне и на граѓаните и на стопанството токму ВМРО-ДПММЕ го блокираше нивното изгласување. Врв на патриотизам не е само да зборувате дека државата треба да оди напред, туку да преземете тешка одлука за државата да оди напред“, порача Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…

Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…

Излета „голф“ на патот Куманово-Свети Николе, тешко…

МВР информира дека вчера наутро околу 08:00…

Млад човек починал откако паднал од познатата…

Маж на 21-годишна возраст денеска починал откако…

Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…

Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…

Гостиварец прободе сограѓанин – доби кривична за…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…