Петровска ќе ги посети македонските војници кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија, соопшти Министерството за одбрана.

Во базата во Ново Село каде што се сместени мултинационалните сили на НАТО, министерката Петровска и нејзиниот бугарски колега Тодор Тагарев ќе бидат пречекани од македонскиот и бугарскиот контингент, по што министерката Петровска ќе има средба со македонските војници распоредени во овие НАТО сили.

Армијата на Република Македонија во мултинационалните сили на НАТО придонесува од ноември 2022 година, и тоа со контингент во јачина од еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…