Пет активни пожари во земјава, огнот зафати шуми, пасишта и насади
Во Македонија до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Најсериозна е состојбата на подрачјата на Студеничани и Зелениково, каде пожарот се движи од селото Моране преку Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Огнот зафаќа мешана шума.
Активен пожар има и на подрачјето меѓу општините Гостивар и Македонски Брод. Пожарот започнал кај селото Трново во Гостиварско и се шири кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, при што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Во Општина Росоман пожарот кај селото Манастирец зафатил лозови и овошни насади, додека во Општина Зелениково, кај селото Тисовица, гори мешана шума и ниска вегетација. Активен е и пожарот над селото Нежилово во Општина Чашка, на местото Сватови, каде што гори ниска вегетација и смреки.
Под контрола се ставени три пожари. Во Општина Кичево, кај селото Тајмиште и месноста Дарда, гори високостеблеста букова шума. Пожар е регистриран и на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци, како и на депонијата во Делчево, каде што гори отпад.
Шест пожари се изгаснати. Такви случаи се регистрирани кај селото Желино, во селото Одри во Општина Теарце, меѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница, кај селото Зајас во Кичево, кај селото Ветрен во Делчево и кај селото Виничани во Општина Градско.
ЦУК продолжува да ја следи состојбата со пожарите на отворен простор и да ги координира активностите на надлежните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…
Во Македонија до 13 часот денеска се…
Цените на нафтата паѓаат трет ден по…
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…
Секое десетто дете во Македонија било жртва…
Едно од десет деца (10% од децата)…
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна…
„Добредојдовте на еден проект којшто за сите…
СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата…
ДДВ за горивата да се намали од…