Пет активни пожари и пет под контрола низ Македонија
На ден 01.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 5 се под контрола, а 12 се изгаснати.
Активни пожари – 5:
Општина Штип: помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Пискупштина, с. Луково и с. Буринец (шума);
Општина Сарај: с. Копаница и с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Сарај: Долно Арнакија (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Гошинце (ниска шума).
Пожари под контрола – 5:
Општина Македонски Брод: селата Битово, Заград и Страјане (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица (ниска вегетација и шума);
Општина Зелениково: над с. Палиград (мешана шума);
Општина Делчево: Градска депонија Острец (депонија).
Изгаснати пожари – 12:
Општина Велес: с. Бузалково (стрниште);
Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација и шума);
Општина Валандово: с. Казандол (шума);
Општина Боговиње: с. Јеловјане (ниска шума);
Општина Гостивар: м.в. Касарни – с. Горна Бањица (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Општина Прилеп: над Касарните (депонија);
Општина Прилеп: м.в. кај Ножот (ниска вегетација);
Општина Виница: с. Градец (нискостеблеста шума);
Општина Сарај: с. Бојане (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Ранковце: с. Герман (патничко возило и борова шума).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На новинарите од CNN, MS NOW и…
На новинарите од три големи новински организации…
САД предупредуваат на ескалација на конфликтот меѓу…
Соединетите Американски Држави предупредија дека непријателските дејства…
Во Германија започнуваат клучни регионални избори
Денес жителите на Берлин и Мекленбург-Западна Померанија…
Мисајловски во посета на Словенија: Средба со…
Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес…
Британија ги подготвува граѓаните за најлошото
Британската влада започна со изработка на нов…