Пет активни пожари низ Македонија

t

Центарот за управување со кризи информира дека до 14:00 часот на 2 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои четири се сè уште активни, а два се изгаснати.

Активни пожари:

  1. Прилеп – с. Бешиште: Пожар во приземна мешана шума. Делот од огнената стихија кој се проширил кон с. Градешница (општина Новаци) е ставен под контрола.
  2. Валандово – с. Грчиште до с. Марвинци и Богданци – с. Паљурци до с. Богданци: Пожар во ниска вегетација и грмушки.
  3. Скопје – Визбегово: Пожарот се проширил кон социјалните бараки во близина на хотел „Њу Стар“ на улица 5 и 44.
  4. С. Црешнево – локација Церо Поле: Реактивиран е пожарот во деградирана дабова шума. На терен интервенираат пет шумари од ЈП „Сандански“ со едно теренско моторно возило.

Изгаснати пожари:

  1. Дебар – с. Баниште: Пожар во ниска вегетација и стрниште.
  2. Кичево – населба Бачинци: Пожар во депонија (ѓубре).

Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат и да не палат оган на отворено, особено во близина на шуми и суви површини, поради високите температури и ризикот од нови пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…