Пет километри од автопатот “Пријателство” се реконструираат речиси три години!

t

Пет километри од автопатот „Пријателство“, се реконстурираат речиси три години. Градежните работи почнаа во септември 2020та, а се очекува да завршат во јули идната година. На делницата Петровец – Катланово, работници и механизација нема повеќе од половина година.

„Градежните работи на оваа делница прекинаа минатата есен, а претходно беше изградена трета сообраќајна лента, нов мост, а беше реконструирана и спротивната насока, по која сега се вози во двете насоки, а претекнувањето е забрането.“

Рехабилитацијата на патот е проект на Јавното претпријатие за државни патишта, а го финансира Европската банка за обнова и развој со сума од над 7 милиони евра. Од претпријатието велат обновата е во застој откако е раскинат договорот со градежната компанија. Во тек е оглас за избор на нова фирма чија задача ќе биде да ги финишира работите. Нејзините градежни машини треба да почнат со работа во јули.

„Во моментов работите се суспендирани од причини што договорот со изведувачот за проектот „Рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец – Катланово, е раскинат. Објавен е нов тендер за довршување на работите и во моментот се евалуираат понудите. Новиот изведувач ќе има рок од една година да ги заврши работите на делницата“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Според новозададениот рок, реконструкцијата на овој дел од патот во должина од пет километри ќе трае без малку три години. Во меѓувреме, сообраќајот во двата правци се одвива по една коловозна лента и наизменично минување од едната во другата насока.

„Времениот режим на сообраќај е збунувачки за возачите кои транзитираат низ земјава, па честопати, наместо кон Куманово, се упатуваат во насока кон Скопје.“

Неодамна, на итна обнова на патната мрежа во земјава повика нобеловецот Пол Кругман кој на властите им кажа дека патиштата се лоши и треба да ги поправат.

Додека се чека да заврши реконструкцијата на петте километри кај Катланово, на другиот дел од  државата веќе осум години се гради делницата Кичево – Охрид, а по неколкуте одложувања, според најавите, готов треба да биде до крајот на идната година.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бочварски: Изградбатa на автопатот Кичево – Охрид…

Како одговорна Влада треба да преземеме дополнителни…

Министерство за транспорт: До крајот на годинава…

Ангажиран е експерт за Фидик договори преку…

Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…

Министерството за правда соопшти дека ќе се…

(Видео) Арсовска: Реконструирана улицата Даме Груев во…

Град Скопје ја реконструираше улицата „Даме Груев“…

Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје…

Вицепремиерот и министер за политички систем и…