ПЕТ кривични пријави и ДВЕ УСЛОВНИ казни, додека сè уште бил на условна: Колку вреди животот на непривилегирана жена и дали судска грешка е причина за трагедијата во Куманово?!

t

Двојно убиство, па самоубиство, ја потресе Македонија откако маж ги уби сопругата и нејзината мајка, па потоа се самоуби. Во јавноста нема многу реакции за случајот, но остро реагираше генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска која на Фејсбук напиша:

КОЛКУ ВРЕДИ ЖИВОТОТ НА НЕПРИВИЛЕГИРАНАТА ЖЕНА!

Вчера убиецот Дејан Јовановски свирепо уби две жени. Убиството следеше после 10 години тортура и малтретирање врз двете жени, како и непостапување и толерирање од правосудните органи.

Убиецот имал ПЕТ кривични пријави, а достапни се само ДВЕ УСЛОВНИ пресуди?! Иако второто дело го извршил додека бил условно осуден, судијата повторно му дава условна осуда?!

ИМИЊА, другари, имиња! Јавно да се објави името на СУДИЈАТА кој ваков монструм дозволил да се шета на слобода за конечно вчера свирепо да го заврши своето злодело! Доколку убиецот бил зад решетки, можеби никогаш немало да се случи вчерашниот злостор.

Судијата да излезе пред јавноста и да даде објаснување како оценил дека ваков монструм треба да биде осуден условно, кој имал низа на физички напади?! ОДГОВОРНОСТ од сите чинители во низата кои се директни соучесници во убиството на две жени!

Колку вредат нашите ЖИВОТИ во вашето посрано корумпирано правосудство?! – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…

Издадена меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен…

Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…