Пет лица загинаа во вооружен напад во Киев – Зеленски: Напаѓачот е елиминиран!

t

Пет лица загинаа во вооружен напад во областа Холосиевски во Киев.

Министерот за внатрешни работи Игор Клименко извести за завршувањето на специјалната операција, додека истрагата за сите околности на инцидентот е во тек.

Досега, 10 лица се хоспитализирани со повреди и трауми, а четворица заложници се спасени, изјави претседателот Володимир Зеленски.

„Моето сочувство до семејството и пријателите“, додаде шефот на државата. Истражители од Националната полиција и Службата за безбедност на Украина се вклучени во истрагата. Властите очекуваат сите детали од инцидентот да бидат брзо утврдени.

„Дадов наредба да се достават на јавноста сите проверени информации во овој случај“, истакна претседателот.

Предмалку Зеленски објави дека напаѓачот е елиминиран.

– Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, штотуку објави дека напаѓачот во Киев, кој отвори оган врз цивили, е елиминиран. Сите околности се утврдуваат. Во моментов, потврдено е дека 5 лица се убиени. Моето сочувство до семејствата и најблиските. Десет лица во моментов се хоспитализирани со повреди и траума. Сите добиваат потребна помош. Четворица заложници се спасени. Очекуваме брза истрага. Истражителите на Националната полиција и Службата за безбедност на Украина работат. Им наложив на министерот за внатрешни работи и началникот на Националната полиција на Украина да ги стават сите проверени информации во овој случај достапни за јавноста. – објави Зеленски.

Во продолжение фотографии од настантот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…