Пет лица уапсени во Центар: Полицијата пронајде марихуана и прашкаста материја
Изминатата ноќ полициски службеници уапсија пет лица на подрачје на Центар поради дрога.
Најпрво вчера во 17.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ц.(25) и В.Ј.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа во 00.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода И.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Па во 00.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По што во 01.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода Н.Ј.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…