Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција – МНР повикува сите кои имаат потреба од помош да се обратат

t

До овој момент, пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата во Грција зафатени со пожари, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Од Министерството велат дека, во координација со грчките власти, семејствата биле упатени кон најблиските безбедни точки предвидени за евакуација, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи.

МНРиНТ повторно апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или на електронската адреса [email protected].

Помош може да се побара и преку дежурните телефони на Конзулатот на Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Од Министерството ги повикуваат македонските државјани во погодените региони внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат сите упатства и препораки на надлежните локални власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руска рафинерија гори веќе трет ден

Резервоарите за складирање во нафтената рафинерија во…

Мицкоски со јасна порака до ЕУ: Уставот…

Премиерот Христијан Мицкоски за медиумите пред почетокот…

Серија насилства низ Македонија во изминатото деноноќие:…

Низа случаи на насилство низ земјава биле…

Дел од Скопје без струја – ова…

Голем дел од Скопје вежерва остана без…

Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања,…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Европската комисија да…