„Пет недели граѓаните на Гостивар се без чиста вода“, велат од СДСМ

t

Пет недели по избивањето на кризата со водоснабдувањето, граѓаните на Гостивар сè уште немаат безбедна вода за пиење, обвинуваат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата велат дека проблемот сè уште не е решен и дека нема одговорност за случајот во кој, според нивните наводи, околу 5.000 граѓани биле затруени.

СДСМ реагира и на начинот на кој се дистрибуира флашираната вода, посочувајќи дека таа не стигнува до жителите на руралните места кои се оддалечени од пунктовите.

Од партијата ја обвинуваат Владата дека на почетокот на кризата задоцнила со реакцијата и се обидела да го минимизира проблемот.

„Прво се крие. Потоа се најавува. На крај граѓаните остануваат без безбедна вода“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека граѓаните очекуваат решение и одговорност за состојбата.

Според СДСМ, продолжената криза дополнително ја намалува довербата во институциите и во информациите што ги соопштува власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста во Србија до 11 часот е…

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…

ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…

Стритинг: Велика Британија мора да биде подготвена…

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД…

Во Барселона во саботата попладне се одржаа…