Пет нови грчки мини-сателити лансирани во орбитата
Пет нови грчки минијатурни сателити успешно влегоа во орбитата по нивното лансирање во вселената во понеделник со ракета на SpaceX, соопштија официјални лица.
Експерименталните CubeSat сателити ќе се користат за истражување на нови технологии развиени во Грција за сигурна сателитска комуникација, соопшти Министерството за дигитално управување. Сателитите беа лансирани со ракета Falcon 9 од базата на Ванденберг на Сејсп Форс во Калифорнија.
Два од мини-сателитите – ERMIS 1 и 2 – беа развиени од Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина (UOA) и OQ Hellas, со цел да демонстрираат технологии поврзани со сигурна сателитска поврзаност .
Останатите три – ERMIS 3, PeakSat и OptiSat – беа развиени од UOA, Универзитетот Аристотел во Солун и компанијата Planetek, со фокус на апликации за сигурна оптичка сателитска поврзаност и IoT, со поврзување со три терестријални базни станици.
Со овие пет нови сателити, Грција сега има вкупно 11 експериментални CubeSat сателити во орбитата, кои ќе се користат во комуникации, мапирање, навигација, земјоделство, урбанистичко планирање и справување со природни катастрофи, соопшти Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…
Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…
Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…
Во местото Горице, во близина на Брчко…
„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…
Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…
Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…