Пет пожари на отворено во последното деноноќие

t

ЦУК: 2 105 повици на 112 во последното деноноќие, пет пожари на отворено, апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување и да не се пали вегетација на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 105 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 53,16%, а 46,84% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,53%, кон Итната медицинска помош 25,39%, кон пожарникарите 3,45% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 121 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 0,63% и на 53,99% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.

Од пожари на отворено во последното деноноќие во ЦУК има регистрирано дека имало пет пријавени и документирани.
Регионалниот ЦУК Битола информира за три пожари на отворено. Конкретно, пожарникарите од ТППЕ Битола имала една интервенција на запалена ниска вегетација и ѓубре во с. Облаково, а од ТППЕ Прилеп имала две интервенции: една интервенција на запалена трева во шума кај манасторот „Св. Илија“ месност „Писокал“ кај с. Кален и другата била на запалена ниска вегетација кај фабриката „Билјана“ на регионалниот пат Прилеп – Крушево. Интервенирано било со едно ПП возило и три пожарникари.

Регионалниот ЦУК Штип информира за два пожара на отворено, Конкретно, пожарникарите од ТППЕ-Кочани во период од 19.15 до 20.55 часот на магистралниот пат Кочани – Штип во атарот на с. Тракање интервенирале за гаснење запалена трска и стрниште со едно ПП возило и два пожарникара. Пожарникарите од ТППЕ-Берово во период од 11.30 до 12.30 часот во атарот на с. Чифлик имале интервенција за гаснење на запалена ниска вегетација со едно ПП возило и два пожарникара.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…