ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди Филипче

t

ПЕТ скенот од кој завбиси животот и здравјето на најболните пациенти од рак работел само еден ден, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој ја повика власта ведшаш да биде поправен биодејќи веќе двба ипол мнесеци им го загрозува лекувањето на болните од рак.

-Само еден ден работеше ПЕТ скенот и сега повторно е надвор од функија. Се сработија само десет пациенти и повторно е од надвор од употреба/  Два ипол месеци не работи досега. Итно да се среди овој проблем боидејќи директно се загрозува здравјето на најтешките пациени во земјата, рече Филипче на прес конференција.

Минатата недела набрзина беше објавено дека по повеќе од еден месец повторно е ставен во функција единствениот ПЕТ скен со што пациентите веќе ќе можат да ги закажуваат потребните снимања, со најава дека  ќе се снимаат по девет пациенти дневно. Апаратот кој најмногу е потребен за дијагнози за онколошки болни, не работеше поради дефект на циклотронот, системот за производство на радиоизотопи.

Од Министерството за здравство информираа дека ќе бидат обезбедени и дополнителни количини радиоизотоп за да може апаратот да работи и во сабота, но очигледно станувало збор за празни најави заради смирување на јавноста.

Проблемот со скен апаратот беше откриен при редовен сервис, додека министерот за здравство Сашо Клековски деновиве изјави дека дефектот бил последица од неисправно одржување од страна на добавувачот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…