Пецаков за срушениот објект од 1927 година: Објектот не е под заштита, урбанистичкиот план е од 2008 година

t

Урбанистичкиот план за објектот кој е во фокусот на јавноста последните неколку денови, познат како куќата на Димитар Влахов изградена во 1927 година, е донесен на 28 февруари 2008 година, објаснува за Инфомакс градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Намената на урбанистичкиот, односно класата на намена А2 во урбанистичките планови означува домување во станбени згради (колективно домување). Оваа класа е наменета за изградба на објекти наменети за постојано живеење во згради, при што во истите објекти (до одреден дозволен процент) може да се сместат и компатибилни деловни активности.

Правосилното одобрение за градење, како што вели Пецаков, е донесено на 20 мај 2026 година, а објектот не е под заштита и не припаѓа во контактната зона на заштитеното јадро на Охрид.

Вчера со градежна механизација започна уривањето на куќата на улицата Димитар Влахов во Охрид, изградена во 1927 година, која се наоѓа во непосредна близина на старото градско јадро. Утрово на терен продолжија активностите со отстранување на оградата околу објектот. Станува збор за приватен имот кој не е ставен под заштита како културно наследство. Објектот подолг период беше во лоша состојба, со видливи оштетувања на конструкцијата и внатрешноста.

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ смета дека куќата поседува значајни архитектонски вредности и заслужува институционална заштита и на 29 мај достави барање за итна привремена заштита до Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Според „Охрид СОС“, објектот претставува исклучително вреден пример на еклектична градска архитектура од меѓувоениот период. Куќата содржи уникатни архитектонски и декоративни елементи, кои денес се зачувани во многу мал број не само во Охрид, туку и во државата.

Од Завод и Музеј – Охрид велат дека за подрачјето каде се наоѓа објектот на улицата Димитар Влахов во тек е постапка за изработка на Заштитно-конзерваторски основи за Деталниот урбанистички план (ДУП). Според неофицијалната евиденција на установата, куќата била предвидена да биде евидентирана како објект со одредени споменични својства, поради што заслужувала понатамошна постапка за заштита.

Директорот на установата, м-р Горан Патчев, посочува дека за објектот не постои официјална стручна валоризација ниту формална евиденција, но дека неговата јужна фасада подолго време привлекувала внимание кај стручната јавност поради архитектонските вредности и декоративните елементи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пецаков за срушениот објект од 1927 година:…

Урбанистичкиот план за објектот кој е во…

Меѓународна акција за чистење на Охридското Езеро

Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското…

Пијан маж направил хаос во Охрид: Му…

На 28 мај 2026 година во 17:45…

МВР со апел до охриѓани: Избегнувајте го…

Полицијата утре од 08 часот, на стрелиштето…

Автомобил се преврте во двор на куќа…

Возило во кое се превезувале возач и…