Пецаков нема коронавирус, се тестираше и ги демантираше „кафанските муабети“

t

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков ги оцени како „лажни вести“ и „кафански муабети“, наводните информации дека бил инфициран со коронавирус но наместо да се изолира, тој се уште одел на работа и ги заразувал и вработените.

Пецаков на својот ФБ профил објави фотографија од ПЦР тест кој го направил во текот на денот за сопствени потреби, но на кој се гледа дека е негативен на ковид.

– По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е …
се тестирав,не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми
‼️немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате
Добра ноќ, напиша Пецаков на својот ФБ профил.

Демантираше и секретарот на општината, Александар Китески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…