Пешаците непослушни – МВР казнува: Голем број санкции во Скопје и Тетово
Денеска (12.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 85 пешаци. При тоа 63 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 22 за минување на црвено светло… За време на контролата регистрирани се и 57 останати прекршоци.
Денеска (12.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 65 пешаци. При тоа 37 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, шест за минување на црвено светло…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…