Пешева: ЈП “Лајка” има најдобри резултати досега од своето постоење
В.д директорката на ЈП “Лајка”, Радмила Пешева, во денешното гостување во Топ Тема на Телма посочи дека Лајка има најдобри резултати во работата од своето постоење и дека интензивно се спроведува програмата за работа на претпријатието.
Директорката посочи дека дел од општините не ги сервисирале обврските кон претпријатието, додека од Град Скопје била зголемена сумата со која се помага претпријатието, а дополнително добиле и субвенции. Пешева посочи дека МВР не реагира на организираното носење на кучиња на територијата на Град Скопје од другите градови иако во МВР се предадени снимки од такви активности.
Сметката на Лајка најчесто е блокирана поради исплаќањето на оштети за граѓаните кои се каснати од кучиња, но Лајка нема надлежност во коренот односно изворот на проблемот, вели Пешева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…
Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…
„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…
ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…
Општина Кисела Вода ќе ги размножува уличните…
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…