Општина Кисела Вода ќе ги размножува уличните кучиња

t

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, од само нему познати (партиски) причини одби да ги исплати средствата во висина од 500.000 денари кон ЈП „Лајка“, иако во буџетот за 2023 година на Општина Кисела Вода овие средства беа планирани и иако лани 90 кучиња од територијата на Општината биле третирани, реагира Левица. Партијата предупредува дека токму неисплатата на средства кон „Лајка“од страна на општините дополнително го продлабочува проблемот со бездомни кучиња во Скопје.

Левица предупредува дека градоначалникот и најавил дека ќе ја прекине соработката со ова јавно претпријатие, иако досега општина Кисела Вода нема ниту еден денар исплатено кон ЈП Лајка.

„Иако општината не ги реализира своите обврски, сепак во 2022 година 90 кучиња само на територијата на Кисела Вода биле третирани, што претставува значителна бројка во проблемот со справување со бездомни кучиња. Токму неисплатата на средства кон ова претпријатие од страна на општините, дополнително го продлабочува овој проблем и со ваквата “самоволна” одлука, загрозена е безбедноста на граѓаните на Кисела Вода. 

Апелираме градоначалникот Ѓорѓиевски да ги надмине партиските недоразбирања со институциите на Град Скопје и како приоритет да ги постави интересите на народот кој живее во Кисела вода. Општината има средства за исплата на своите обврски, каде приоритет треба да биде редовно подмирување на обврските кон јавните претпријатија, со цел нивно непречено функционирање.

Најавите за самостојно решавање на проблемот со бездомни кучиња се несериозни и очигледна импровизација, со оглед на фактот што потребна е поширока интеграција на повеќе субјекти за решавање на проблемот“, наведува Левица во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…

Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…

Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и…

Распаднати тела од кучиња и друг отпад…

„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…

ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…