„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес кај животните, а неретко и смрт

t

ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се воздржат од употреба на петарди и пиротехнички средства во предновогодишниот период и за Нова година, бидејќи тоа предизвикува голем стрес и страв кај животните, а неретко и смрт од срцев удар. Наместо петарди, „Лајка“ ги повикува граѓаните да им подадат храна на бездомните мачиња и кучиња.

„Новогодишниот период, иако е многу убав за нас, е најстресниот период за животните, особено за бездомните кучиња и мачиња. Употребата на петарди и пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди, туку и стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај животните. Апелираме до граѓаните да бидат општествено одговорни и да се грижиме за бездомните животни, оваа година наместо да фрлите петарда, подадете храна на бездомно куче или маче, истакнуваат од „Лајка“.

Од претпријатието, апелираат и до граѓаните кои имаат домашни миленици, да не ги шетаат без поводник, бидејќи звукот ги плаши кучињата и може многу лесно да избегаат и да завршат трагично.

„Лајка“ потсетува дека Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…

Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…

„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…

ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…

Дали ќе имаме мир овие празници? Огромни…

Од таму апелираат, пред се до учениците…

Општина Кисела Вода ќе ги размножува уличните…

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…

Голгота: На животните во Украина им даваат…

Војната не ги направи бегалци само Украинците,…