Пешевски: Имаме градежници, ама нема кој да ги плати

t

Егзодусот на градежните работници не е резултат на нивната желба да заминат, туку на понижувачкиот однос на домашните работодавачи. Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, во „Ноќно студио“ на 4TV директно удри по тезата дека во Македонија „нема веќе кој да работи“, порачувајќи дека работници има, но тие веќе не прифаќаат да си го ризикуваат животот за „ситно“.

Пешевски посочи дека не се само Австрија и Германија дестинации за нашите инженери и градежници. Сега, Црна Гора, Србија и Хрватска станаа економски магнети кои нудат услови што Македонија упорно ги игнорира.

Заштеда на цела плата: Додека кај нас се тврди дека животот таму е поскап, Пешевски пренесува искуства на работници кои успеваат да заштедат цела плата, бидејќи работодавачите во регионот им обезбедуваат и храна и сместување, објави 4news.mk Домашната „понуда“: Во Македонија, просекот во нискоградбата се движи околу 40.000 денари – плата со која работникот секој ден се прашува дали ќе се врати жив дома.

„Не е точно дека нема работници. Има, но треба да ги платите! Цената на мајсторот конечно порасна, но таа мора да биде покриена со стаж, здравствено осигурување и безбедни услови за работа од 8 часа, а не со ропски труд,“ дециден е Пешевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…