Објавено на:

Пешевски охрабрува пред утрешниот дуел со Норвешка: Ние сме Македонија, нема да се предадеме!

t

Ракометната репрезентација на Македонија во текот на утрешниот ден со мечот против Норвешка ќе го стартува настапот на Светското првенство 2023.

Кружниот напаѓач на Македонија, Жарко Пешевски во емисијата Студио 10 на телевизијата 24Вести зборуваше за амбициите на Македонија на Мундијалот.

,,Мислам дека сме на многу добар пат, градиме хемија, едноставно има атмосфера, ентузијазам, борба на секој тренинг…Секој кој ќе излезе на терен ќе биде горд што го носи македонскиот дрес. Ќе се покажеме во најдобро светло, ќе одиме чекор по чекор без разлика против кој ривал играме. Едноставно, играш за Македонија, треба да не респектираат како ние, така и тие нас. На теренот секој има свои шанси, има слабости, добри страни, ние сме Македонија и нема да се предадеме”, изјави Пешевски.

Членот на Еурофарм Пелистер имаше пофални збориви за селекцијата на Холандија, која на подготовките пред Мундијалот не одигра на најдобро ниво.

,,Холандија е многу опасна селекција, составена од млади и искусни играчи, кои играат во најквалитетните лиги во Европа. На последните три шампионати покажуваат дека имаат евидентен напредок во нивната игра, исто така играат брз ракомет, со брза транзиција и квалитетна одбрана. Најдобриот играч му е средниот бек Лук Стеинс, потпомогнат од десниот бек Кај Смитс од Магдебург. Мислам дека ќе бидеме незгоден противник за Холандија и се надевам дека на крај ќе се радуваме на триумф”, заврши Пешевски.

Македонија утре, 13 јануари ќе игра против Норвешка. Два дена подоцна, односно на 15 јануари, избраниците на Лазаров ќе имаат дуел против Холандија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против Аргентина на 17 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…