Пејачот Амар Исмани е убиениот во синоќешното пукање во Скопје
29-годишникот Амар Исмани е жртвата од синоќешното пукање на булеварот „Никола Карев“. Според информациите, Исмани е познат пејач на албанската естрада, особено кај помладата публика. На социјалните мрежи веќе е објавено кога ќе биде неговиот погреб.

Како што се соопштува, на синоќешната престрелка ѝ претходела масовна тепачка.
Според МВР, пукањето било пријавено синоќа околу 23.45 часот во СВР Скопје.
– На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање. Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. – велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…