Објавено на:

Пилиќ за Новак: „Pанетиот лав е нaјопаcен, a Новак сега е во таква ситуација“

t

Легендарниот тениски стручњак Никола Пилиќ за Спутник изјави дека му е исклучително драго што Новак Ѓоковиќ победи на теренот во Австралија. Тој додаде дека е срамота што бил третиран како криминалец, и дека и покрај се може да стигне до трофејот во Мелбурн, што би го направило најголемиот играч во историјата на белиот спорт.

Како што изјави Пилиќ од Хрватска внимателно ги следел сите случувања во Мелбурн околу Новак Ѓоковиќ и тортурата што ја доживеал бидејќи со денови бил задржан во хотел со мигранти без свеж воздух. Не можеше ниту да го отвори прозорецот!
Како што открила мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ, тој немал ни поглед на паркот, туку морал да гледа во ѕид.
Сето тоа би го скршило мнозинството, а не големиот шампион, кој ги надмина сите тешкотии по пристигнувањето во Австралија, каде конечно во понеделникот го одработи својот прв тренинг.

„Му честитам на Новак за победата во тој процес. Со него се однесуваа максимално грубо како криминалец. Честитки за австралискиот суд што не обрна внимание на премиерот и министерот за внатрешни работи. Новак победи, не му дадоа заслуги затоа што девет пати од 12 учества го освои Австралија опен. Срамота е како се однесуваа кон него, прво го сместија во соба осум-девет часа, пред која имаше полицијата, а подоцна заврши во хотел со азиланти. Срам за Австралија“, изјави Пилиќ за Спутник .
Човекот, кој тесно соработувал со Новак Ѓоковиќ кога тој бил тинејџер, се согласува со изјавата дека „ранетиот лав е најопасен“.
Пилиќ нема дилема дека се што се случи со светскиот рекет број еден дополнително може да го мотивира по десетти пат да го подигне пехарот во Мелбурн, со што и официјално ќе стане најдобар во историјата.
Тој би ги надминал Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат по 20 Грен слем титули.
„Ранетиот лав е секогаш најопасен, може да се каже дека Новак сега е во таква ситуација, но гаранции во спортот нема. Колку што видов, Новак веќе беше на терен и тренираше. Бидејќи е врвен професионалец, важно е да победи во првото и второто коло, за да ја подигне својата форма. Тој е вистински шампион и многу добро знае што прави“.
Не можевме, а да не ја погледнеме изјавата на Рафаел Надал, кој рече дека од спортска страна не се радува што

На прашањето дали Новак Ѓоковиќ, и покрај тортурата што неочекувано ја претрпе во Австралија, може да освои трофеј, Хрватот немаше дилема:
„Знаете, човек кој може да игра еден меч со Надал шест часа, тој има физички и психолошки квалитети за да може да го освои Австралија Опен на крајот на краиштата. Сигурно сега има посебна мотивација да покаже дека е најдобар, како што тоа го прави со години, и онака е фаворит број еден! Ако погледнеме што прави во Австралија во последните десет години, топките, теренот, сè му одговара совршено. Ќе го поддржам, секако“, низ насмевка изјави легендарниот Ники Пилиќ .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…