Објавено на:

Пиоли: На мечот против Тотенхем ќе видите сосема поинаков Милан

t

Тренерот на италијанскиот фудбалски шампион Милан, Стефано Пиоли, не беше среќен по поразот со 1:2 од Фиорентина во Серија А и призна дека „виолетовите“ биле подобра екипа.

Сепак, Пиоли вети дека за решавачката пресметка со Тотенхем во Лигата на шампионите во среда, тимот ќе покаже сосема поинакво лице.

„Фиорентина играше подобро од нас, но тоа не е затоа што повеќе мислевме на Тотенхем. Само требаше да покажеме повеќе во одредени периоди на теренот. Натпреварот со Тотенхем ќе биде сосема поинаков, тоа е елиминациски натпревар. Исмаел Бенасер се врати по еден месец пауза и сѐ уште не е целосно фит. Треба да видам како е и Брахим Дијаз. Но, пресметката со Тотенхем ќе биде сосема поинаква, затоа што Англичаните се сосема поинаков тим од Фиорентина, а има и многу други фактори. Ќе бидеме подготвени за битка“, изјави стратегот на Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ер трактор“ падна во морето во Грција:…

Уште еден инцидент со летало за гаснење…

САД обвинија 17 Иранци за 10-годишна кампања…

Американските федерални обвинители поднесоа обвинение во 14…

Организиран вонреден превоз за сите верници до…

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица…

(Видео) Пожар во хотел во Индија, бројот…

Најмалку девет лица загинаа, а шестмина се…

АМСМ: Зголемена фреквенција на возила надвор од…

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива…