Објавено на:

Пионерите на ФК Македонија Ѓорче Петров повторно шампиони на Македонија

t

Пионерите на ФК Македонија Ѓорче Петров се нови шампиони на Македонија во генерацијата 2009, откако со вчерашните натпревари официјално заврши сезоната 2025/2026 во сите четири младински фудбалски лиги.

Младите фудбалери предводени од тренерот Тони Џангаровски успеаја да ја одбранат титулата и втора сезона по ред да се искачат на победничкиот пиедестал како најдобар тим во својата категорија.

Шампионскиот поход го започнаа уште на стартот од сезоната, во септември 2025 година, кога по првите кола се искачија на лидерската позиција. Пионерите на Македонија ЃП презимија како есенски шампиони, а доминацијата ја потврдија и во пролетниот дел од сезоната, завршувајќи на првото место на табелата.

Во текот на сезоната, младите „лавови“ освоија вкупно 77 бодови, постигнаа дури 115 голови, а примија само 25, со што убедливо ја потврдија својата надмоќ меѓу врсниците и заслужено ја освоија шампионската титула.

Сепак, за талентираната генерација 2009 и нивниот тренер сезоната сè уште не е завршена. Пред нив претстои уште еден голем предизвик – финалето од Купот на Македонија, кое е закажано за почетокот на јуни. Пласманот во финалето е уште една потврда за успешната сезона на тимот, кој сега ќе има можност да ја комплетира годината со освојување на „двојната круна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…