ПИПЕРКИТЕ ЌЕ БИДАТ УНИШТЕНИ АКО СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Агенцијата за храна и ветеринарство била информирана за небезбедната храна во Хрватска

t

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера ( 20.09.2023 година), преку апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) доби нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја – свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска.

„При спроведена гранична контрола земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди. Имено, добиениот резултат покажал присуство на остатоци од пестицидот форметанат и вредност која претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето“, информираат од АХВ.

Од страна на хрватските власти забранет е увоз на спорниот производ.

„Доколку пратката со небезбедните производи се врати во земјава, АХВ ќе издаде налог за нејзино нештетно уништување кое ќе се реализира под надзор на инспекциските служби на Агенцијата“, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Исланд до Германија и Франција- Мицкоски…

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека при креирањето…

Кривична против Србин: насилно отворил резервоар од…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот…

Поплава во објектот на поранешна „Нова Македонија“…

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на…

Мицкоски за „Чебрен и Галиште“: Ќе биде…

„Чебрен и Галиште“, тоа е проект кој…

Михаилова во Кочани во судница со бугарски…

На вчерашното рочиште искази даваа вештаци во…