Пирамид Билдинг, Мастеф и Жикол ќе градат „плоштадче со паркче“ за 43 милиони денари во Ѓорче Петров
Конзорциум од ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, МАСТЕФ ДООЕЛ Скопје и ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт Струмица ќе градат јавна површина со плоштад, пешачка патека и урбана опрема во Општина Ѓорче Петров за 43 милиони денари.

Договорот на веб-страницата за јавни набавки е објавен на 15.04.2026 година, а е склучен на 14.04.2026 година.
На јавниот повик се јавил само еден понудувач, односно избраниот конзорциум.

Во продолжение условите кои Општина Ѓорче Петров ги бара од изведувачот.
– Економскиот оператор да има остварено годишен приход од најмалку 60.000.000,00 денари поединечно во секоја од последните 3 години.(2022, 2023 и 2024 година)
– со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не
: – Изјава за образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот стручен кадар и особено на лицата кои се одговорни за давање на конкретната услуга:
а) Минимум 100 (сто) вработени кои ќе бидат ангажирани за навремено извршување на предметниот договор од кои: Минимум 2 (два) градежни инженери со овластување Б за изведба од областа на градежништвото издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ од кои минимум 1 (еден) дипломиран градежен инженер од конструктивна насока иминимум 1 (еден) дипломиран градежен инженер со хидротехничка насока
• Минимум 2 (два) инженери архитекти со овластување Б за изведба од областа на архитектурата издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ.
• Минимум 2 (два) електроинженери со овластување Б за изведба од областа на електротехниката издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ.
• Минимум 2 (два) геодетски инженери со овластување Б за изведба од областа на геодезијата издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ,
• Минимум 1 (едно) стручно лице за безбедност при работа со уверение за положен стручен испит издадено од Министерство за економија итруд на РСМ, -Минимум 10 армирачи, -Минимум 6 ракувачи со градежни машини(со Уверение, Диплома или Сертификат), -Минимум 3 ракувачи со градежна машина комбиниранa(со Уверение, Диплома или Сертификат), -Минимум 10 електромонтери или електроинсталатери, -Минимум 5 бравари и
• А останатите ВКВ или КВ работници Опрема: Изјава за техничка опрема со која давателот на услугата или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на конкретната набавка, од која минимум:
• минимум 1(еден) багер гасеничар со минимална тежина 23т. и минимален капацитет на корпа 1,3 м3,,
• минимум 2(два) мини багери од кои најмалку еден со тежина од минимум 7,5тони,
• минимум 2 (два) камиони кипери со носивост од миниму 8 тони,,
• минимум 2 (два) утоварувачи со тежина до максимум 6 тони,
• миниму 2(две) виброжаби,
• минимум 1(една) виброплоча,
• минимум 1(еден) ваљак челик-челик со минимална оперативна тежина 9,5тони,,
• минимум 1(еден) ваљак челик-челик со минимална тежина 6,5тони,
• минимум 1(еден) ваљак челик-челик со минимална тежина 2,5тони,
• опрема за заварување
• минимум 1 генератори за струја со моќност од минимум 5 kw
• минимум ЦНЦ машина за сечење и обработка на челик/железо
• Бетонска база со минимум Б интегрирана еколошка дозвола,
• Минимум 2 (две) бетонски пумпи од кои минимум 1(една) со должина на кран од минимум 50 метри,
• Минимум 5 (пет) камиони миксери за превоз на бетон,
• Акредитирана лабораторија за испитување на градежни материјали
• Стандард за безбедност и здравје при работа ISO 45001:2018
– со листа на работи, со приложување потврда за задоволителна изведба на најважните работи. Со цел да се обезбеди соодветно ниво на конкуренција, договорниот орган може, доколку е тоа неопходно, да ги земе предвид доказите за изведени работи пред повеќе од пет години, што го наведува во тендерската документација:
– Понудувачот да има успешно искуство во минимум 3 изведени работи/договори од предметната набавката реализирани во последните 5 (пет) години од денот на јавното отварање на понудите со вкупна вредност од минимум 70.000.000,00 денари од кои:
• Минимум 1 (една) изведенa работа/договор од предметната област на набавката (изработка или реконструкција на партерни површини) со вкупна вредност од минимум 50.000.000,00 денари (се однесува на една потврда)
• Минимум 1 (една) изведенa работа/договор од предметната област на набавката (набавка, транспорт и монтажа на урбана опрема ) со вкупна вредност од минимум 5.000.000,00 денари (се однесува на една потврда)
• Минимум 1 (една) изведенa работа/договор од ист или сличен вид со вкупно изведени работи со површина од минимум 4.000 м2 павер елементи/плочки изведени (вградени) на јавни пешачки површини (се однесува на една потврда).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа која партија…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија остри обвинувања…
Скопје добива лунапарк: За 10 милиони евра…
Град Скопје се подготвува за изградба на…
Пирамид Билдинг, Мастеф и Жикол ќе градат…
Конзорциум од ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС ДООЕЛ увоз-извоз…
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
Пожарот кој се случи во станбената зграда…
(Фото) Хаос во Капиштец: Уништен 40 годишен…
Големото невреме кое попладнево го зафати Скопје…