Писмо со сомнителен прав доставено до кабинетот на белгискиот премиер Де Кроа
Писмо во кое имало прашок од сомнителен состав утрово е доставено до кабинетот на белгискиот премиер Александар де Кроа, пренесоа белгиските медиуми.
Инцидентот го потврдија од Бриселската противпожарна бригада, кои соопштија дека едно лице кое дошло во контакт со писмото, превентивно било пренесено во болница.
На местото на настанот, покрај противпожарната бригада, се испратени и полиција и цивилна заштита, кои го однеле писмото на дополнителна анализа, пишува „Brasels tajms “.
Според извештаите, ова е трет пат оваа недела во Брисел да се најде писмо со сомнителен прав.
Во средата наутро сличен инцидент се случил во канцеларијата на Службата за државна безбедност, а уште еден сомнителен плик бил откриен во средата попладне во полицијата.
Во инцидентите немало последици од контаминација, а засега не се знае дали овие три случаи се поврзани, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Писмо со сомнителен прав доставено до кабинетот…
Писмо во кое имало прашок од сомнителен…
Силниот ветер продолжува да прави штета низ…
Силниот ветер во Штип продолжува да прави…
ПУТИН НАРЕДИ МАСОВНО ПРОИЗВОДСТВО НА РАКЕТИТЕ „ОРЕШНИК“;…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
СРПСКИОТ МИНИСТЕР ВЕСИЌ ЗАПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД…
Горан Весиќ, српскиот министер за градежништво и…
Прилепчанец остана без својот aвтомобил, за среќа…
-На 22.11.2024 во ОВР Прилеп било пријавено…