Писториус: Русите прислушувале воена телеконференција преку интернет во хотел
СВЕТ
Писториус: Русите прислушувале воена телеконференција преку интернет во хотел
05.03.2024 15:13
На доверлива конференција се приклучил преку небезбедна врска од хотелска соба во Сингапур. Пресретнатиот разговор на германски офицери ја вжешти реториката меѓу Москва и Берлин…
Германски генерал којшто во хотелска соба во Сингапур пристапил на Вебекс платформата преку необезбедена мобилна линија е причината за аферата со германските проектили „таурус“. Доверливите информации биле пресретнати од Русија, потврди шефот на германската одбрана.
„Нема сомнеж во ова. Презедовме мерки да не се повтори ваков инцидент. Разговарав со сојузниците. Довербата во Германија останува цврста. Нема да дозволиме да се разединиме поради хибридните напади на Русија“, изјави Борис Писториус, министер за одбрана на Сојузна Република Германија.
На снимката, прислушуваниот генерал го објаснувал и начинот на којшто Лондон доставува ракети за Киев, пишуваат медиумите.
НАТО ја засилува позицијата на источното крило, во тек се воените маневри во Скандинавија, Балтикот и во Полска.
„Руската агресија во Украина продолжува, најголемата закана доаѓа од тој правец, маневрите се одговор за можниот руски напад врз балтичките земји и врз Полска“, изјави Анджеј Дуда, претседател на Полска.
„Русија и натаму е долготрајна закана за Алијансата и затоа мораме да го засилуваме источното крило“, изјави Гитанас Науседа, претседател на Литванија.
И руските трупи со опремата се прегрупираат на европскиот север. Формирани се и нови воени области, Ленинградска и Московска.
„По приемот на Финска, набрзо и на Шведска, продолжуваме да го зголемуваме составот и структурата на оружените сили поради зголемените закани за воената безбедност за Русија“, изјави Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија.
Додека трае офанзивата на Москва во Донбас, украинската воена контраразузнавачка служба објави снимка од потопувањето на руски патролен брод во Црно Море. Бродот со екипаж од 80-на морнари бил погоден со подводен дрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…