Објавено на:

Пијан возач во Дебар со 2,75 промили во крвта нападнал полицајци

t

Во изминатите 24 часа полицијата лишила од слобода шест возачи на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила. Дел од нив биле затекнати под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди.

Во Скопје биле приведени двајца возачи кај кои било утврдено присуство на 1,85 промили алкохол во крвта. Едниот управувал мопед, додека другиот возел патнички автомобил и удрил во метална ограда, предизвикувајќи сообраќајна незгода.

Највисоко ниво на алкохол било измерено кај возач во Дебар, кај кого алкотестот покажал 2,75 промили. Тој предизвикал сообраќајна незгода, а потоа и физички нападнал полициски службеници кои постапувале на местото на настанот.

Полицијата привела и возач во Крушево кој управувал возило без возачка дозвола, како и возач во Македонска Каменица кој седнал зад воланот и покрај изречената забрана за управување моторно возило. Во Скопје, пак, бил лишен од слобода уште еден возач кој управувал нерегистрирано возило без да поседува возачка дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното расчистување и документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Кривична пријава за полицаец од Драчево –…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Уапсени маж и жена од Кочани, во…

МВР информира дека се лишени двајца сопружници…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…