Пијан возач во Македонска Каменица удрил во девојче и избегал

t

Полицијата уапси возач во Македонска Каменица кој возел под дејство на алкохол, удрил во малолетничка и избегал од местото на несреќата.

Доцна синоќа, во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници го уапсија Г.А.(51) од Македонска Каменица.

Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош. По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18+ видеа од познати жени објавени во…

Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…

Епидемијата на чума во Сибир излегува од…

Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…

САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…

Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…

Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…

Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…

Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…

Се појавија непотврдени информации за нов напад…