Пијан повикал полиција: „Се напив, возам и не знам за себе!“
Еден несекојдневен настан бил забележан од полицијата во округот Северен Јоркшир.
Пред неколку дена, околу пладне, тие добиле повик кој веројатно е прв ваков во нивната историја. Имено, 52-годишен возач им се јавил за да им каже дека вози под дејство на алкохол и дека не е свесен за себе.
„Па, ова не се случува секој ден… Осомничен пијан возач „влета“ во нашата контролна соба“, напишала полицијата во Северен Јоркшир во објавата на Фејсбук. „Човекот му кажал на полицискиот службеник дека се наоѓа во областа Нeрсборо и дека имал тежок викенд. Тие веднаш испратија сообраќајни полицајци на тоа подрачје“.
Пијаниот возач со пробудена свест бил лоциран за 15 минути. Првиот алкотест утврдил концентрација на алкохол од 118 µg/100 ml, што е значително повисока од законски дозволените 35 µg/100 ml. Возачот веднаш бил приведен и упатен на трезнење. Во станицата била утврдена уште поголема концентрација на алкохол и бил обвинет за возење во алкохолизирана состојба.
Не е познато дали пријавата ќе му помогне кога ќе се појави пред судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…