Планината Олимп вклучена во листата на светско наследство на УНЕСКО
По 12-годишно чекање, планината Олимп – митскиот дом на старогрчките богови – се најде во една посовремена „Куќа на славните“, откако УНЕСКО објави дека таа ќе биде вклучена во листата на светско наследство.
Највисоката планина во Грција се најде на листата заедно со плажите во северна Франција каде што се случило сојузничкото истоварување за време на Втората светска војна (Денот Д), како и со древните јапонски престолнини Асука и Фуџивара. Пределот Бома-Бадингило во Јужен Судан – дом на една од најголемите миграции на копнени цицачи во светот исто така доби статус на заштитено подрачје, што претставува прв ваков случај за оваа источноафриканска земја.
Номинациите беа меѓу десетиците разгледани на состанокот на комитетот на УНЕСКО во Бусан, Јужна Кореја, во неделата.
Во случајот со Олимп, кој е впишан како мешано место на светското наследство како признание за неговото културно и природно значење, веста беше дочекана со еуфорија во Грција.
Во конкретната категорија, Грција сега има вкупно три заштитени подрачја, откако на списокот веќе се впишани Метеора и Света Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Планината Олимп вклучена во листата на светско…
По 12-годишно чекање, планината Олимп – митскиот…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…
Град Скопје должи 109.000 денари за печатење…
Град Скопје доцни со исплатата на 109…
Делегација на Влада на состаноци со високи…
Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на…