Планирате летување во Црна Гора: Еве колку во просек ќе ве чини еден ден
Собирајќи ги минималните дневни трошоци на едно четиричлено семејство, на одмор на црногорското приморје – за сите три оброци, сладоледи, две кафиња, лежалки, чадор, педалинка – потребни се меѓу 70 и 100 евра на ден.
По 17 часот, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори на плажите на будванската ривиера, освен ако, се разбира, не му припаѓаат на некој хотел. Сепак, за оние кои се седум или 10 дена на море и кои целиот ден го минуваат на плажа, ваквото задоволство чини 15 – 40 евра зависно од плажата. Секако, има и ексклузивни места, како „Свети Стефан“ или „Кралските плажи“, каде што оваа привилегија чини и до 200 евра.
На градската плажа во Будва, еден „обичен ден“ чини минимум 70 евра. Ако децата сакаат да се возат на педалинка или да скокаат на трамболина еден час на вода, тоа е по 20 евра повеќе. Секако, тука е и Забавниот парк близу „Словенска плажа“, крофни коишто мирисаат на чоколадо, кафулиња што нудат оброк и освежување, примамливи сувенири – сѐ тоа може да значи потрошен денар повеќе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…