Планирате патување во Израел? Еве што треба да знаете!
Почнувајќи од 1 август 2024 година, државјаните на Република Македонија, кои планираат патување во Државата Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization System – ETA https://www.gov.il/en/departments/topics/eta-il/govil-landing-page ). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА.
На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (ок. 6.25 ЕУР) а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.
Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: [email protected]
На следниот линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето: https://israel-entry.piba.gov.il/get-help/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за вработениот во ДЗС фатен…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Агресивно се однесувал кон мајка си, приведен…
Четириесет и седумгодишен жител на Гевгелија бил…
Ноќеска издадено автоматско предупредување за земјотрес со…
Милиони жители во 17 европски земји биле…
Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…
Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…