Објавено на:

„ПЛАСТИКАТА ТЕЧЕШЕ КАКО ЛАВА“ Во Осиек може да биде прогласена еко-катастрофа!

t

Половина милион кубни метри пластика изгореле во пожарот во Осиек, иако во складот, според неговиот капацитет и според законот, не смеело да има повеќе од 20.000, откри вчера Иван Анушиќ, жупанот на Осиек, пренесува Нет.

– Станува збор за класична злоупотреба на она што е направено овде, неработење на оние кои требало да го контролираат ова, да го спречат кога доаѓале предупредувања – рече Анушиќ.

Сопственикот на фирмата тврдел дека пожарот сигурно е подметнат.

– Кај истиот сопственик на фирмата веќе имало неколку пожари и во претходните фирми и секогаш се завршувало со оган – рече Анушиќ.

Ширењето на пожарот во компанијата за преработка на пластика „Драва интернационал“ повеќе не е опасност, а од хрватската влада ќе се бара да прогласи состојба на еколошка катастрофа. Пожарот е под контрола, но проблем останува ветрот, пишува Јутарни.

Пожарникарите велат дека „пластиката течела како лава“ и дека еден пожарникар е превезен во болница во Загреб, откако паднал во истопена пластика.

– Течната пластика течеше како лава. Сите стратегии што ги научивме на обука не функционираа. Моравме да научиме некои други стратегии. Течната пластика гореше под нас, а токму ова беше една од причините зошто настрада еден колега. Денеска ќе го превезат во Загреб, се надевам дека е стабилен и дека патувањето ќе помине добро – изјави еден од пожарникарите за ХРТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…