Објавено на:

Платите во Германија пораснаа за 4,1 отсто, а најниско платените работници добија раст од 6,7 отсто

t

Растот на платите во Германија во вториот квартал од 2026 година ја надминал инфлацијата, што довело до зголемување на куповната моќ на вработените. Според податоците на германската статистичка служба „Дестатис“, реалните плати пораснале за 1,5 отсто во споредба со истиот период лани.

Номиналните плати, односно бруто-месечните примања со вклучени дополнителни исплати, биле повисоки за 4,1 отсто, додека потрошувачките цени во истиот период пораснале за 2,5 отсто.

Најголем номинален раст на примањата е регистриран во земјоделството, шумарството и рибарството, каде што платите пораснале за 8,9 отсто. Следуваат енергетскиот сектор со раст од 7,6 отсто и финансискиот и осигурителниот сектор со 7,5 отсто.

Особено значаен е растот кај најниско платените работници. Петтината од вработените со најниски примања забележала номинален раст на платите од дури 6,7 отсто, додека кај петтината со највисоки примања растот изнесувал 3,3 отсто.

Кај вработените со полно работно време платите пораснале за 3,9 отсто, додека примањата на приправниците се зголемиле за 6 отсто. Кај лицата со скратено или повремено работно ангажирање е забележан раст од 4,7 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…