ПЛАТИТЕ НИ СЕ ПОНИСКИ ОД ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Вработените од Министерството за култура и денеска протестираат

t

Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски, на протестот изјави дека платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и од Агенцијата за филм и денеска организираат едночасовен протест пред Министерството за финансии, со кој ќе изразат незадоволство поради своите месечни примања.

Тие одржаа протест и минатата недела на кој упатија апел за покачување на платите.

Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски, на протестот изјави дека платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.

– Го поздравуваме зголемувањето на платите на нашите колеги од Министерството за финансии, но истовремено бараме од министерот за финансии, Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи. Ги охрабруваме и нашите колеги во другите министерства да ни се придружат и заеднички да се избориме за она што ни следува. Имаме поддршка од раководството, од одговорните лица во Министерството за култура и ќе продолжиме по институционален пат да бараме покачување на платите – изјави Костовски во петокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

Битиќи: 3,5 милијарди евра за повеќе јавни…

„Јавните капитални инвестиции имаат важна улога за…

Ренесанса во Полска: Прераснува во извозна сила,…

300.000 илјади Полјаци се вратиле дома само…

(Видео) Државата мора да се грижи за…

Ние имаме во Македонија 330.00 пензионери. Факт…

Два месеци германски воен брод ги штител…

Германски воен брод рано утринава ја заврши…