„Платформа 12.05“: Само со вистинско обединување на опозицијата се менуваат десничарските популисти на Балканот

t

Уште еднаш се потврди дека без вистинско обединување на целокупната опозициска прогресивна демократска јавност е речиси невозможно да се победат десничарските популистички власти на Балканот, порачуваат организаторите на “Платформата 12:05” по вчерашните избори во Србија каде студентите го поразија Александар Вучиќ со историски најголем од одзив.

-На граѓаните и државјани на Србија им честитаме за високиот одзив за гласање што е уште една потврда колку е важно демократските промени и процеси да бидат рефлексија на слободно изразена волја. Честитки до „Студентската листа“ за својата истрајност, упорност и принципиелност со што ја освоија довербата на големото мнозинство на Српскиот народ и ја добија честа и одговорноста да раководат со Република Србија во наредниот период. Добивме уште еден пример после Унгарија дека граѓаните се уморни од традиционалните политички опции, долгогодишните професионални политичари и корупциски профитери. Затоа се приклонуваат кон автентични политички коалиции. на прогресивната демократска јавност. Земајќи предвид дека без малку цели две години во Србија се практикуваше улична демократија која предизвикуваше драматични политички тензии, сега после демократската смена на власта, посакуваме брзо нормализирање на внатрешните состојби кои се предуслов за стабилност во целиот регион, велат од „Платформата 12:05“.

Според нив, Македонија може да извлече повеќе заклучоци по вчерашните избори во Србија и Бугарија, што би било клучно за земјава.

-Политичката борба за полноправно членство во ЕУ не подразбира безусловна подготвеност на национални отстапки кои не ги одобрува високото мнозинство на македонскиот народ. Млаките реакции за провокациите на официјална Софија не ја приближуваат Македонија до ЕУ туку го разјадуваат македонското национално ткиво создавајќи внатрешни поделби заради кои речиси е невозможно да се постигне консензус за неопходните внатрешни реформи кои го надминуваат мандатот на една или друга политичка Влада, порачуваат организаторите на „Платформата“.

Велат дека иако традиционалните партии ги потценуваат студентите во земјава, тие имаат сериозен капацитет да бидат значаен фактор во промените. Ги потсетуваат и власта и опозицијата на едно од клучните предизборни ветувања.

-Политичките процеси кај нашите соседи се повик за исполнување на предизборното ветување за воведување на една изборна единица со отворени листи. Оваа клучна реформа на нашиот политички систем треба да се случи пред следните парламентарни избори, порачуваат организаторите на „Плаформата 12:05“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…